Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата на министерот за правда Бојан Маричиќ, дека резултатите од пописот нема да доведат до промена на уставните категории.
Според професорката, пак, овие граѓани имаат привилегии, и во нивниот случај не станува збор за нивни стекнати права.
„Во Уставот и во законите стои многу конкретна бројка. Таа бројка е поврзана со одреден вид привилегии. Не станува збор за стекнати права туку за посебен вид привилегии кои се дадени на одредени луѓе со цел надминување на ситуација произлезена од претходна дискриминација. Некоја белосветска будала реши ова да го поврзе со одреден процент од населението.
И сега кога излезе на виделина глупоста ќе измислуваме шарени лажги и ќе го изигруваме правото?
Па уште и навреди и закани од страна на човекот назначен на функцијата министер за правда за да се спречи дури и расправа за настанатиот проблем. Крајно недолично е за еден министер да даде изјава со која се поттикнува цензура“, пишува професорката Најчевска на својот фејсбук профил.
Министерот за правда, Бојан Маричиќ, вчера изјави дека резултатите од пописот нема да доведат до промена во уставните категории.