Граѓаните најавуваат протест ако не се исели Еврејската група од охридско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sekta-333641

Членовите на еврејската група „Лев Тахор“ која од Куманово, пристигна во Скопје, синоќа биле префрлени во охридското село Горно Лакочереј со полициска придружба. Групата од 37 луѓе, од кои половина се малолтени деца, ретко излегуваат од дома и велат дека доаѓаат во мир, а имаат пасоши и привремен престој од 90 дена во Македонија. Тие пристигнаа на 5 февруари во Куманово, а оттогаш се соочуваат со многу проблеми поради нивниот изглед.

— реклама —

Денеска жителите на селото Горно Лакочереј излегоа на улица со барање да се исели групата оти се плашеле за својата безбедност. Тие велат дека доколку не заминат ќе излезат на масовни протести.

— реклама —

„За првпат во мојот живот чуствувам ваков страв. Бараме групата да се исели од селото. Ние ниту сакаме да ги малтретираме ниту да ги навредуваме. Сакаме само да заминат оттука. Читаме дека оваа група не е пожелна никаде и поради тоа не сакаме да биде присутна и тука. Се зборува дека киднапирале деца иако ние тоа не можеме да го тврдиме, но страв постои. Не случајно е избрано ова село кое е чисто православно со 5 цркви“, велат мештаните за СДК.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања