Зборот „Бадник“, на старословенски значи да бидеш буден. Токму поради ова истражувачите сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеење и будност покрај обредниот оган.
Граѓаните не се откажуваат од традицијата. Бадикови огнови се палат на секоја улица, маала, низ градовите. Верниците велат дека дека слушнале за апелите на Владата, МПЦ-ОА и градот Скопје кои повикаа вечерва граѓаните да не палат бадникови огнови, но според нив традицијата не смее да се прекине.
Потсетуваме дека од министрството за живтна средина велат дека палењето на огновите на отворено, независно од поводот е строго забранет и за таквиот прекршок казни може да изрекуваат градските и општинските инспекциски служби и полицијата.

Од Македонската православна црква велат дека местото на празнување е во црквата, а не крај огновите. Тие апелираат, наместо да се палат бадникови огнови, дрвата да се донираат на оние на кои им се најпотребни, а христовото раѓање да се одбележи со присуство на богослужба во црквите. Од МПЦ уште додаваат дека коледарските огнови не се традиција која е во согласност со преданието на христијанската вера. Сметаат дека огновите се пагански, а не христијански обичај.
Но и покрај сите апели, вечерва во Скопје, како и во другите градови низ земјава има запалени огнови, колку да се испочитува традицијата нели ...