Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Граѓаните од Центар покажаа заби и му се спротиставија на ВМРО-ДПМНЕ, вели Герасимовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
WhatsApp-Image-2021-10-21-at-12.26.20

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата им порача на граѓаните дека општина Центар е срцето на градот и лулка на демократијата во нашата земја, а неговите сограѓани центарци секогаш избираат одговорна, транспарентна и демократска власт која ќе работи само во нивни интерес.

— реклама —

„Граѓаните во мојата општина покажаа заби и први му се спротиставија на ВМРО-ДПМНЕ кое преку насилство, поткуп и влечење луѓе за уши сакаше да го поништи нивниот избор во 2013 година. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ многу се лажат ако мислат дека центарци го заборавиле нивното уништување и дивеење во општината. Се лажат дека е заборавен криминалот тежок една милијарда евра кој го правеа преку грбот на граѓаните уништувајќи им ги населбите, маалата и Водно. Центарци не заборавија како ВМРО-ДПМНЕ менува ДУП-ови во три часот наутро“, изјави Герасимовски.

— реклама —

Тој истакна дека чесно, отчетно и транспарентно работење е негова одлика и затоа како иден градоначалник нема да отстапи ниту една педа од интересот на граѓаните во општина Центар.

„ Во мене ќе имате партнер за заедничко решавање на сите проблеми во општината. Центар секогаш бира демократска и одговорна власт и верувам дека тоа и на овие избори ќе го потврдиме. Центар не смее да се враќа назад и сигурен сум дека тоа нема да го дозволите. Изборот е јасен. Бираме дали сакаме власт која слуша и одговорно владее или пак власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која докажано работеше и ќе работи спротивно интересите на нас центарци“, изјави Герасимовски.

— реклама —

Тој ги повика граѓаните но и оние кои гласаа за другите кандидати обединети да излезат на гласање во вториот круг затоа што верува дека сите се борат за иста цел, а тоа е Центар да го води способна, демократска и одговорна власт, изјави Герасимовски притоа истакнувајќи дека од гласот на народот зависи во каква општина ќе продолжат да живеат.

— реклама —

„Сега е време да се обединиме околу една заедничка цел - нашата општина да продолжи напред!“, порача Герасимовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања