Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Грантови за самовработување, отворање мали бизниси, повисоки стипендии за млади, се ветуваат во Центар од Герасимовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
WhatsApp-Image-2021-10-13-at-11.02.47

Преку мерките за млади општина Центар најави подобрување на студентскиот стандард, намалување на младинската невработеност, спроведување на зелени политики и креирање на младински политики за општествен развој.

— реклама —

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата исто така најави и поддршка на образовниот процес преку субвенции за електронски уреди за ученици од основно и средно образование и велосипеди и електрични тротинети за младите до 29 години.

„При креирање на мојата програма особена внимателност посветив на мерките на млади со цел да ги поттикнам на поголема вклученост во локалните политики. Токму затоа општината го формира младинскиот центар „Матично“ кој им е ставен во функција на младите и младинските организации како и формирање на локален младински совет како советодавно тело во кое младите ќе може да се вклучат во процесот на креирање политики и донесување одлуки. Ќе креираме и локална младинска стратегија со утврдени приоритети за унапредување на интересите на младите, но и ќе креираме Буџет за млади за кој општината ќе одвои 0,1 % од сопствениот буџет, најави Герасимовски.

— реклама —

Општината ќе дава и поддршка за отворање мали бизниси и самовработување на млади, како и финансиска поддршка за спроведување на проекти кои работат или дејствуваат во општина Центар.

Герасимовски најави и зголемување на обемот на стипендии за најдобрите ученици со поддршка на практичната работа и стипендии за учениците од семејства во социјален ризик и едно родителските семејства со што ќе се создаде еднаква шанса за развој на потенцијалот. Младите остануваат наш мотив за успешни политики за развој на секое поле, заврши Герасимовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања