Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Грција ги замрзнува цените во супермаркетите за време на туристичката сезона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
Glavna-fotka-1

Во обид да го намали притисокот од инфлацијата во екот на летната сезона, грчката влада постигна договор со производителите и трговските синџири за привремено замрзнување на цените во супермаркетите.

— реклама —

Мерката ќе важи во текот на двата најфреквентни летни месеци, кога земјата бележи најголем број туристи, а целта е да се спречат нови поскапувања на прехранбените производи и да се зачува куповната моќ на граѓаните и посетителите.

— реклама —

Договорот беше постигнат на средба на која присуствуваа премиерот Киријакос Мицотакис, министерот за развој Такис Теодорикакос и претставници на прехранбената индустрија и големите синџири супермаркети. Според договореното, компаниите нема да ги зголемуваат цените во текот на летото.

— реклама —

Опфатени се околу 2.000 производи, чии цени претходно беа намалени во просек за шест проценти. Компаниите се обврзале тие попусти да останат во сила и во наредниот период.

— реклама —

Грчката влада најавува дека по завршувањето на летната сезона ќе следува нов пакет мерки насочени кон дополнително намалување на цените, како дел од пошироката стратегија за справување со високите трошоци за живот и ограничување на инфлацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 1 час

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 2 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања