Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Грција има 800.000 празни домови: Околу 12% од станбениот фонд стои празен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarysj2l5urhsu5ra48FTpQ
фото: unsplash

Околу 12% од вкупниот станбен фонд во Грција, односно околу 800.000 недвижности низ целата земја, остануваат празни, а дел од нив под одредени услови би можеле да се активираат во борбата против станбената криза, пишува Екатимерини.

Станува збор за имоти кои не се викенд-куќи, па постои можност да се вклучат во станбената понуда со соодветни мерки, според Мандо Зисопулу, директорка за станбена политика во Министерството за социјална кохезија и семејство.

— реклама —

Зборувајќи во неделата на Форумот за недвижности во Атина, Зисопулу рече дека податокот произлегува од студија за националната станбена политика, чии резултати ќе бидат објавени во наредните денови.

„Проблемот што го гледаме од податоците е дека, за жал, најголемиот дел од празните куќи не се наоѓаат во области со голем притисок. Напротив, тие се, во југоисточниот Егеј и на Јонските острови, додека бројот на празни куќи во големите градови е помал,“ рече службеничката од министерството.

— реклама —

Друг проблем се однесува на состојбата на тие имоти: „Околу 22% од нив се изградени пред 1960 година, а уште една третина помеѓу 1960 и 1980 година. Вкупно, 80% се најмалку 25 години стари, изградени пред 2000 година,“ рече Зисопулу, што подразбира потреба од значителни средства за реновирање пред нивно користење.

— реклама —

Министерството планира да користи средства од Националната стратегиска референтна рамка за програма за лесни реновирања на постарите празни имоти, во износ до 500 милиони евра.

„Ова е скриено богатство, бидејќи празните куќи се бројни и полесни за активирање во споредба со изградба на нова зграда,“ рече таа.

— реклама —

Освен реновирањето, сепак, овие имоти често бараат и решавање на урбанистички прашања или наследни спорови, истакна Лена Контоѓоргу, раководителка на здружението на нотари за Атина, Пиреја, Егејот и Додеканезите.

„Затоа законот за наследства, кој наскоро ќе се изгласа, би можел да реши многу постојни проблеми,“ додаде таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9hmkam6skofibBBSAug

Се забрзува изградбата на капацитети за складирање струја во Грција

Балкан | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 1 ден

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 2 дена

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања