Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Грција ќе им плаќа на рибарите за секој уловен килограм од опасната зајачка риба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
media-librarygmar0b447a77cIgfKTJ
screenshot youtube

Грчките власти воведуваат нова мерка со која професионалните рибари ќе добиваат по 5,33 евра за секој уловен килограм од опасната зајачка риба, позната и како лагоцефалус.

— реклама —

Станува збор за отровен и инвазивен вид кој претставува сериозна закана за морскиот екосистем, а воедно е опасен и за консумирање. Освен тоа, оваа риба им создава дополнителни проблеми на рибарите бидејќи често ја оштетува нивната опрема.

— реклама —

Програмата првично ќе се спроведува на Крит и во јужниот дел на Егејското Море, како дел од поширок пакет мерки за поддршка на грчкото рибарство и за намалување на последиците од ширењето на овој инвазивен вид.

— реклама —

Слична програма веќе се применува во Кипар, каде што рибарите исто така добиваат надомест за уловена зајачка риба.

— реклама —

Проблемот во Грција стана особено актуелен по извештаите за нагло зголемување на бројноста на овој вид кај Крит и во други делови на јужна Грција. Според експертите, зајачката риба во Средоземното Море навлегла преку Суецкиот канал, по што постепено почнала да се шири кон запад и север.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 6 часа

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања