Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Грција лидер во ЕУ по намалување на потрошувачката на шверцувани цигари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryp3rcf95mgui85Q5H3np

Грција во 2025 година го забележала најголемото намалување на потрошувачката на шверцувани цигари меѓу сите 27 земји-членки на Европската Унија, соопшти тутунската компанија Papastratos.

— реклама —

Податоците се објавени во годишниот извештај на KPMG, изработен по нарачка на Philip Morris International, и укажуваат на значителен напредок во борбата против нелегалната трговија со тутунски производи.

Според извештајот, шверцуваните цигари во Грција во 2025 година учествувале со 14,1 проценти од вкупната потрошувачка на цигари, што е намалување за 3,4 процентни поени во однос на 2024 година.

— реклама —

Во текот на минатата година во Грција биле консумирани околу 1,9 милијарди нелегални цигари.

— реклама —

Поради нелегалната трговија, загубите за државниот буџет во 2025 година се проценуваат на 330 милиони евра. За споредба, во 2024 година тие изнесувале 438 милиони евра.

Извештајот покажува и дека на ниво на Европската Унија уделот на шверцуваните цигари надминал 10 проценти од вкупната потрошувачка, што е највисоко ниво забележано од 2014 година наваму.

— реклама —

Од КPMG наведуваат дека ова е втора година по ред Грција да бележи најголемо намалување на потрошувачката на шверцувани цигари меѓу земјите од ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 18 часа

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања