Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Грција најави побрз премин на границата со Македонија: Евзони добива дополнителни ленти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
media-libraryhdt1ngc49v7g2pJVYQG

Во пресрет на зголемениот број патници во текот на летната сезона, грчките власти подготвуваат мерки со кои треба да се намалат гужвите и да се забрза преминувањето на копнените гранични премини.

— реклама —

Заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, задолжен за регионите Македонија и Тракија, Константинос Гиулекас, на конференција за туризам посочи дека се разгледуваат привремени решенија за олеснување на протокот на патници, пренесе МИА.

— реклама —

Една од мерките предвидува поставување модуларни контролни пунктови на граничниот премин Евзони, со што една сообраќајна лента ќе се прошири на две. На тој начин се очекува да се намали времето на чекање и да се овозможи побрзо минување на возилата.

— реклама —

Истовремено, се најавуваат и активности за модернизација на инфраструктурата на граничниот премин, кои ќе се реализираат по фази.

Во однос на новиот систем за влез и излез, кој подразбира и биометриска регистрација на државјани од трети земји, Гиулекас нагласи дека европската регулатива дозволува негово привремено и делумно суспендирање во периоди на зголемен сообраќај. Како што посочи, оваа можност веќе се применува со цел да се избегнат дополнителни застои и долги колони на границите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library24luvmipt5kn0yY4pIw

Грција забрани социјални мрежи за деца помлади од 15 години

Технологија | пред 20 часа

— реклама —
media-library59hptidl3jcr7AKEZSa

(Видео) Солун ќе биде наш и овој продолжен викенд

Македонија | пред 1 ден

media-library9ejd67920cac56Aek3z

Грција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 години

Свет | пред 1 ден

media-libraryglb22uj4ohm38V22BUD

Се претставиле како полицајци и ја измамиле: Жена оставила 45.000 евра и накит во контејнер за ѓубре во Грција

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања