Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Грција подготвува забрана за електрични тротинети за малолетници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Балкан
2-1-2

Грција подготвува нов законски пакет со кој би се забранило користењето електрични тротинети за малолетници помлади од 18 години, најавил грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис.

— реклама —

Говорејќи за телевизијата Скај, Хрисохоидис изјавил дека првата клучна мерка ќе биде „целосна забрана за користење електрични тротинети за лица помлади од 18 години“, пренесе Прототема.

— реклама —

Тој навел дека ќе биде воведено и задолжително осигурување од граѓанска одговорност за корисниците на електрични тротинети, вклучително и за возилата што се изнајмуваат, со цел да се овозможи надомест на штета во случај на несреќи и повреди.

— реклама —

Третата важна мерка се однесува на регулирањето на паркирањето на тротинетите на тротоарите, како и можноста за ограничување на бројот на дозволи за компаниите што ги изнајмуваат, со цел да се заштитат пешаците и јавниот простор.

— реклама —

Новите прописи треба да вклучуваат и построги казни за корисниците и компаниите што продаваат или увезуваат тротинети што не ги исполнуваат безбедносните стандарди или развиваат брзина над дозволените ограничувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 2 дена

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања