Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Грција со сериозен демографски пад: раѓањата намалени за 42 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
media-library073hevidg7159EzDUw2
Photo by MohammadAli Dahaghin on Unsplash

Бројот на раѓања во Грција за 15 години се намалил за 42 отсто, покажуваат податоците на грчкиот Институт за демографски истражувања и студии. Во 2009 година биле регистрирани 117.400 раѓања, додека во 2024 година бројката паднала на 68.300.

— реклама —

Падот не е подеднаков во сите делови на земјата. Во шест региони од континенталниот дел на Грција намалувањето надминало 50 отсто. Најголем пад е забележан во Теспротија, Евританија, Фтиотида, Гревена, Кожани и Лерин.

— реклама —

Во уште десет региони бројот на раѓања е намален меѓу 45 и 50 отсто. На грчките острови падот во најголем дел е под 40 отсто, со исклучок на Кикладите и Закинтос, каде што намалувањето е под 15 отсто.

Истовремено, значително се зголемил соодносот меѓу смртните случаи и раѓањата. Во 2009 година биле регистрирани 92 смртни случаи на секои 100 раѓања, додека во 2024 година бројката достигнала 184 смртни случаи на 100 раѓања.

— реклама —

Од вкупно 74 регионални единици во Грција, само пет имале повеќе раѓања отколку смртни случаи – Санторини, Миконос, Кос, Наксос и Ретимно на Крит.

— реклама —

Од друга страна, во 17 регионални единици, од кои речиси сите се на континенталниот дел на земјата, биле регистрирани меѓу 250 и 376 смртни случаи на секои 100 раѓања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 12 часа

— реклама —
tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 1 ден

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 3 дена

police_457542992-1-1021x580

Голема полициска акција во Грција: Криумчареле над 500 мигранти и заработиле најмалку 750.000 евра

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања