„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Грците атакуваат на енергетскиот сектор во Македонија: ЕДС во трка да ги снабдува домаќинствата со струја, од Владата молк дали ќе ја фаворизира

објавено пред 2 години -

Македонија
ka

По тендерот за Чебрен и Галиште, грчките компании агресивно атакуваат на енергетскиот сектор во Македонија. Владата треба да го избере универзалниот снабдувач, а пак, ЕДС чиј поранешен сопственик е Кочо Анѓушев, сега во грчка сопственост, влезе во трката. Веќе се шпекулира дека Владата ја фаворизира оваа компанија, со цел од игра да го исфрли „ЕВН Хоум“. За овие наводи испративме прашања до прес-службата на Владата, но нема одговор дали овие шпекулации се основани.

— реклама —

Доколку ЕДС биде избрана за универзален снабдувач, тоа ќе значи дека Македонија ќе го отстапи на Грците бизнисот со снабдување со струја на домаќинствата и малите потрошувачи. Аргументацијата за ваква одлука е дека ќе има зголемена конкуренција на пазарот, а цената ќе биде пониска. Но, се остава впечаток дека целта е навлегување во сите сегменти на енергетскиот сектор.

Во септември грчката фирма ППЦ – Архиродон ја доби концесијата за користење на водата на Црна Река во Северна Македонија, за производство на струја со изградба на хидроелектрични централи. Грчката фирма доставила најповолна понуда, велат од Владата.

— реклама —

„Скопје1“ постави и прашања до Владата, дали е донесена одлука кој ќе биде избран на повикот за универзален снабдувач. Но, ни на ова нема одговори до овој момент.

ЕДС веќе пет години е дел од ППЦ. Таа е купена од јавното грчко претпријатие, по потпишувањето на Договорот од Преспа. За ваквиот чекор имаше бура од реакции, особено затоа што во јавноста се пишуваше за политиката зад договорот, од аспект дека ЕДС е на Анѓушев.

ЕВН пак, е сопственост на ЕВН АГ од Австрија, a со ребрендирањето во 2008 година ова претпријатие го добива сегашното име ЕВН Македонија АД Скопје. Дел во сопственоста има и државата Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања