Промени тема
Контакт

Грците ни дадоа нова кратенка – РОНМ, МНР засега молчи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
dogovor-prespa

Министерството за надворешни работи за приказната на Алфа за фактура од повраток на данок на македонски турист неодамна вратен од Грција, зошто во графата за тоа од која земја е лицето кое бара повраток на данок, не стои целото име во кое се содржи зборот Македонија, ами само РОНМ, што е скратеница од новото уставно име на државата, ќе одговорело во текот на утрешниот ден, објави република.мк.

Според договорот од Преспа оваа кратенка е погрешна.

Непосредно по потпишувањето на договорот претставниците на Владата ги убедуваа македонските новинари дека ова нема да се случи, па дури и дадоа упатство за како да се имплементира преспанскиот договор во медиумите.

Во упатството стои :

— реклама —

Придавката „македонски/o/a” да се употребува кога е поврзано со етнички и културен идентитет за народот, нашиот јазик, историја, култура, наследство, територија и останати особености. Ваквите термини во овој контекст се особено различни од оние што се употребуваат и се поврзани со регионот на Македонија во Грција.

Правилни примери: Македонски етнички идентитет, Македонски јазик, Македонска култура, Македонска територија, Македонски народ, Македонска историја, Македонски планини, Македонска литература, Македонско кирилско писмо, Македонска храна, Македонски цркви итн.

— реклама —

Неправилни примери: Други придавки, вклучително и „Северно македонски”, „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, не треба да се употребуваат.

Од МНР велат дека по нивното укажување на непочитувањето на ова упатство, најголем дел грешки се отстрануваат. Од министерството за порталот МКД.МК велат дека анализата покажувала дека најголемиот дел од грешките во медиумите биле ненамерни.

— реклама —

Извор:Република

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања