Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Грчката полиција разби мрежа за злоупотреба на европски фондови вредна 2,5 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
policija-grcija

Грчката полиција од раните утрински часови спроведува голема акција во регионите на Кожани и Агринио, насочена кон разбивање на мрежа осомничена за злоупотреба на европски земјоделски субвенции.

— реклама —

Според информациите од надлежните служби, уапсени се 13 лица кои, според истрагата, незаконски се стекнале со повеќе од 2,5 милиони евра преку измами поврзани со земјоделски фондови на Европската Унија.

— реклама —

Акцијата ја води Одделот за борба против економски криминал при Дирекцијата за борба против организиран криминал. Истражителите се сомневаат дека осомничените биле дел од организирана криминална група која со лажни изјави и манипулации ги оштетила финансиските интереси на Европската Унија.

Меѓу приведените има и управител и вработен во Центар за прием на барања за субвенции, додека истрагата опфаќа вкупно 39 лица.

— реклама —

Од грчката полиција соопштија дека, покрај незаконски стекнатата финансиска корист, во случајот биле откриени и даночни прекршоци.

— реклама —

Ова е втора голема акција во врска со злоупотреба на европските земјоделски фондови во Грција во последните денови. Минатата седмица, во одделни полициски операции во Солун, Килкис, Сер, Атина и на островот Крит беа уапсени 39 лица, осомничени дека незаконски присвоиле повеќе од 7 милиони евра од европските субвенции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 19 часа

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања