Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Грчки државјанин на Табановце изјавил дека носи 60.000 евра, цариниците при контрола откриле повеќе од 124.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarysdf7kol50cdjbsB7axH

Царинските службеници на граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегален внес на девизи во земјава, при што заплениле 64.250 евра пронајдени кај грчки државјанин кој патувал со автомобил со германски регистарски таблички.

— реклама —

Според Царинската управа, против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежниот суд поради непријавување на целокупниот износ на готовината.

— реклама —

При влезот во државата, патникот изјавил дека носи 60.000 евра и приложил образец за пријава издаден при влез во Република Србија. Поради сомнеж во точноста на неговата изјава, царинските службеници, заедно со полициски службеник на Фронтекс, извршиле детален преглед на возилото и личниот багаж.

— реклама —

При контролата биле пронајдени вкупно 124.250 евра. Во согласност со Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени пријавените 60.000 евра, додека преостанатите 64.250 евра биле привремено одземени.

— реклама —

Од Царинската управа информираат дека од почетокот на годинава се откриени вкупно 30 случаи на нелегален пренос на девизи. Во тие случаи се запленети 820.675 евра, 141.300 британски фунти и 35.000 австралиски долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypfskm7gofu92aGlT28p

(Видео) Спречен шверц на 29 шишенца од лекот „Xgeva“ кој се користи за лекување малигни заболувања

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0nqp4g49m8audFaJw50

(Видео) На Богородица запленети 77 парчиња златен накит вредни четири милиони денари, скриени во перница за врат во автобус од Истанбул

Македонија | пред 1 седмица

media-library2agilgujcme15YJcmOi

Откриени 595 сребрени прстени скриени под седиштата на автомобил на Блаце

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf75345479f0u2EX18dK

Хашиш, амфетамин и МДМА пронајдени кај германски државјанин на Табановце

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања