„Грчки хакери гледале низ безбедносните камери во МОН и македонската влада“, ВМРО-ДПМНЕ откри скандал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
264426592_460370035476926_783367394729159426_n

„За жал постигнато уште едно дно на оваа влада на Ахмети и двојниот пиун Ковачевски. Грчки хакери гледале низ безбедносните камери во МОН и македонската влада. Тоа покажува дека решето влада, донесе решето безбедносен систем“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тие во соопштението додаваат:

— реклама —

„Како Ковачевски и Ахмети ќе се грижат и водат борба против хибридни напади кога толку многу се посветени на крадење и тендери.

— реклама —

Како Спасовски ќе се грижи за безбедносниот систем кога главна преокупација му е како транспортна фирма блиска до СДСМ да го земе тендерот од 1 милион евра за редење сончеви панели.

Како АНБ ќе спречи хакерски напад кога главен дострел заедно со МВР им е тоа што го затворија кафичот на нарко босот Шеваљ, и запленија кујнски нож, наместо да го уапсат и конфискуваат милионскиот имот стекнат од шверц на дрога.

Македонија е препуштена на аматери кои глумат држава“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања