„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Грипот коси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
272767700_460595969108892_835185472485899042_n

За повеќе од три пати е зголемен бројот на заболени од грип оваа недела во споредба си претходната. Ова се податоци од последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

— реклама —

Во текот на втората недела од јануари пријавени се 1.053 случаи на заболени од грип.

Од заболените 633 лица се на возраст од 15-64 години, забележни се 179 случаи кај деца на возраст од 5-14 години, а 144 кај деца на возраст од 0-4 години и 97 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.

— реклама —

Најмногу заболени има во Скопје 305, потоа Дебар 134, Куманово 118, Тетово и Гостивар по 66, Кавадарци 62.

„Од почетокот на сезоната 2024/2025, заклучно со втората недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 130 материјали од здравствените установи - од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип, од рутинскиот надзор. Сите пристигнати материјали се тестирани за присуство на инфлуенца вирус, SARS-CoV-2 и/или RSV. Детектирани се 14 позитивни случаи на Influenza, 2 Influenza А(H1)pdm09, 11 Influenza А(H3) и 1 Influenza B/Victoria. Регистриран е еден позитивен случај на SARS-CoV-2. Дополнително, регистрирани се 5 позитивни случаи на респираторен синцицијален вирус (RSV)“, стои во извештајот на ИЈЗ.

Во земјава се спроведува таканаречен сентинел надзор за состојбата со грип и КОВИД-19 во земјава за да се добијат подетални информации во однос на инциденца, интензитет, тип на вируси кои циркулираат и за имплементација на навремени превентивни мерки. Од сентинел местата кои учествуваат, во 2-ра недела пријавени се вкупно 50 САРИ (Сериозни Акутни Респираторни Инфекции).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања