Жители од кочанската населба „Трајаново трло“ претепале 10 годишно дете за наводна кражба (не се знае што е украдено), пишува „Цивил“. Досега, полицијата приведе десетина лица за настанот, а сослуша и дваесетина сведоци. Ќе бидат поднесени и кривични пријави.
На снимката која е објавена на социјалните мрежи се гледа како жителите на „Трајаново Трло“ физички малтретираат малолетно 10 годишно дете кое наводно го фатиле во кражба. Се слуша и како детето плачејќи ги моли да го однесат кај мајка му, но наместо тоа, тој добива клоци, шамари и тупаници…