Промени тема
Контакт

Груби нема албанско државјанство, Тошковски му најави дека ќе го најде, а од него ни трага ни глас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
grubi-41

Артан Груби не е државјанин на Албанија. Нема ниту запис во албанскиот службен весник кој би покажал дека Груби се здобил со нивно државјанство, објавува истражувачката мрежа БИРН. Тие контактирале со кабинетот на албанскиот претседател од каде добиле потврда дека Груби нема нивни пасош.

— реклама —

„Артан Груби нема албанско државјанство“, изјави за БИРН, советникот за медиуми на албанскиот претседател, Арта Сакја.

Истовремено, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вели: „Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава“.

— реклама —

„Пријатно бев изненаден од изјавата на предметното лице во насока на тоа дека истото е на приватен или службен пат и дека само кратко ќе се задржи во друга држава, не во државата која го хранела долг временски период. Се уште се надевам дека тоа лице ќе покаже доблест и одговорност, но и дека навистина е подготвен да одговара пред лицето на правдата, да дојде и да ја потврди онаа фраза која што ја изјави дека е чист како солза и дека навистина не сторил ништо на штета на државата и граѓаните. Јас најодговорно тврдам, согласно сите докази кои што ги имаме собрано до сега, и сите оние факти кои што се утврдени во рамки на овие предистражни и истражни постапки, нема да му биде лесно да докаже дека е чист како солза“, рече Тошковски.

— реклама —

И по десет дена нема ни трага ни глас од поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство откако надлежните го осомничија за криминали поврзани со случајот Државна Лотарија.

По него распишана е и меѓународна потерница но МВР до сега нема информации каде тој се наоѓа.

— реклама —

Груби земјава ја напуштил на 15 декември преку граничниот премин Долно Блаце со помош на полицаец, кој му дозволил да помине без контрола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања