„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Груби остана без работа, нема да предава новинарство оти го избкраа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
artan-grubi

Артан Груби доби отказ и повеќе не е професор по новинарство на Универзитетот во Тетово.

— реклама —

Тој бил вработен 13 години, но бидејќи беше државен функционер, работното место му беше во мирување. Кога ДУИ ги изгуби изборите, тој немаше повеќе функција и се врати на работа во август 2024 година.

Бидејќи е во бегство, а полицијата го бара со меѓународна потерница, отказот му е пратен по пошта и на е-мајл.

— реклама —

За него е почната и кривична постапка во предметот „Државна лотарија“. Ден пред претресите, Груби ја напушти Македонија и отиде за Косово. На фејсбук пиша дека е чист како солза и дека ќе се врати веднаш штом семејните обврски завршат. Но тоа не се случи. Потоа, МВР почна да го бара преку меѓународни канали. Последно, Изет Меџити, вицепремиер, кажа дека Груби се наоѓа во Албанија. Али Ахмети прво соопшти каде е Груби, па потоа, се премисли и рече дека не знае.

„Не сум го сретнал Артан Груби. Тој е добро, неговата локација е секако во албанските простори, тоа е процес кој мора да има епилог. Aртан Груби не избега од Македонија. Артан Груби е подготвен да се појави пред органите на правдата, да ги почитува законите, но не во одмаздничката и селективна правда“, рече Ахмети.

Потоа, Ахмети кажа дека не знае каде е Груби.

На 9 декември 2024 година, Груби се најде на т.н. црна листа на американскиот Стејт департмент од каде посочија дека заедно со судија биле вмешани во значителна корупција преку примање мито за предмети поврзани со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања