Груевски: Никој не ме тепал, вежбав и се повредив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
hqdefault

Експремиерот Никола Груевски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека веста физички напад врз него е лажна. Тој додава дека во изминатиот период вежбал, па така се повредил, а во моментов е во фаза на рехабилитација.

— реклама —

Продолжуваат лагите, конструкциите и манипулациите кои упорно се трудат да ми ги натоварат. Пред малку ми јавија дека некој портал објавил лажна вест дека сум бил физички нападнат во Будимпешта и ред други невистини поврзани со тоа. Веста е лага, но вознемири многу мои пријатели кои почнаа да ми се јавуваат за да ја дознаат состојбата, па затоа се решив на ваков начин да демантирам. Инаку потесниот круг на мои пријатели знаат за каков обид за спин се работи.

Имено во изминатиот период при обавување на спортски активности се стекнав со спортска повреда по која која ми беше укажана лекарска интервенција и сега сум во фаза на рехабилитација, која одлично се одвива. Оттука некој кој дознал за ова, понесен од потребата за дефокус на јавноста во овие моменти кога власта нижи катастрофи секој ден, помислил дека може од спортска повреда да направи спин дека сум бил физички нападнат.

— реклама —

Впрочем вакви информации лесно се проверуваат во полиција во секоја земја па и во Унгарија. Ако навистина намерата била да се дознае вистинита за тоа дали имало физички напад со повреди многу лесно можело да се направи проверка. На ваквите изгубени ликови во новинарството и одработувачи на туѓи агенди им порачувам дека со лаги, манипулации, спинови и неинтелигентни интриги нема ништо да направат во животот и во работата.

На сите мои пријатели кои веднаш почнаа да ми се јавуваат со доза на загриженост им благодарам за грижата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања