Груевски од Будимпешта бара истрага и одгворност за трагедијата во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
izjava-zaev.Still072

Експремиерот и бегалец Никола Груевски изрази сочувство за трагедијата во Тетово, каде 14 лица го загубија животот. Тој бара истрага и одговорност од Будимпешта.

— реклама —

“ Изразувам длабоко и искрено сочувство до семејствата на загинатите во синоќешната трагедија во Ковид болницата во Тетово. Загубата на најблиски во семејството е ненадоместлива и не постојат доволно зборови за утеха.

Тагата е поголема кога ќе се помисли на околностите под кои нивните најблиски на многу болен начин ги загубија животите токму онаму каде очекуваа да им бидат спасени. Вистинска трагедија е што тие луѓе со години одвојувале дел од својата заработка за здравственото осигурување и за сè што треба да значи безбедност на нивните животи кога ќе дојдат тешки моменти, а сега, заради нечија негрижа и неодговорност изгореа во пламените јазици.

— реклама —

Одговорност, независна истрага и севкупна постапка мора да има.

Прашањата за широко распространетата неодговорност која произведува скандали и трагедии толку често, за незнаењето, непрофесионалноста и владеењето на медиокритетите над најнапредните во општеството се теми за поширока дискусија и причина за длабоки промени на општеството, но денес на овој тажен ден не е време за тоа”, пошува Груевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања