„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Груевски од Будимпешта: ,,Биле опседнати со мене? Има и зошто…поздрав од вашиот кошмар“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
D41-ZjHXoAAWYe3

Биле опседнати со мене? Има и зошто... Со луѓето се сменија времињата и вредностите, напиша на својот Фејсбук профил поранешниот премиер Никола Груевски.

— реклама —

Во продолжение статусот на Груевски во целост:

— реклама —

Некогаш вест од политичарите беше кога некој проблем кој тиштеше многу народ ќе се решеше, реформа ќе се најавеше или спроведеше, инвеститор ќе отвореше фабрика, проект ќе се изградеше или ќе започнеше да се гради, апарати за болните ќе се набавеа, пензии или плати ќе се покачеа, илјадници ветени проекти ќе се исполнуваа, па кога доцнеа критика и така...

Денес не доцнат, туку ги нема. Не постојат. Денес вестите од политичарите се празна реторика, само навреди, клевети, лаги и бескрајни реторички надмудрувања кои се помалку луѓето сакаат да ги слушаат и гледаат, фалења со апсења и прогон на политичките противници. Денес секој ден една иста вест цели 15 дена е ветување дека масовно ќе се менувале функционерите кои сами си ги донесоа и одбраа а само за да се спасат себе и да купат уште малку време за уште некоја ,,реколта,, на рекет и мито. Продавање лажна надеж и лажни илузии на народот кој чека спас од нив, гордеење до небо со национални предавства, фалење дека другите однадвор ептен ги фалат нив дека предавствата многу ги бендисале иако во нивните земји ни на крај памет не би им паднало такви работи да направат.Возења тротинет или задоволување лични фрустрации со возење скапи мотори, лечење комплекси по балови, гафови како мали деца скоро секој ден и бескрајно убедување дека народот е спасен од ,,режимот и заробената држава,, која нели не смееме да дозволиме да се врати. Убедување со дланката ставена на срце, дека само што не дошле рајските денови. Еве ги, кај и да е, само што не сме во рајот, тука сме некаде...Не умри магаре, до зелена трева, кажал нашиот народ...

Се вратија времињата од деведесеттите кога наместо редовни набавки на медицинска опрема и апарати како што имаше до пред две години, еднаш годишно се радуваме на јапонска или незнам чија донација од 20 илјади евра како да сме земја во централна Африка.

Да, имаат дебела причина да се опседнати со мене и да ме осудат не две, туку 200 години затвор. Ама тоа нема да им ги излечи комплексите, тие само ќе растат, нема да ја промени тажната реалност на масовно иселување, ни нивната неспособност а најмалку огромната разочараност на народот од оваа банда натрапнци...

Поздрав од нивниот кошмар, пишува Груевски.

Никола Груевски е во бегство од ноември минатата година и по него е распишана меѓународна потерница.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања