Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Груевски од Будимпешта повика на протестот во недела во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
D41-ZjHXoAAWYe3

Протестот на 25. Април со кој се бара ослободување или пат до брзо ослободување на затворените лица заради учеството во настаните на 27 Алрил 2017 година, како и на припадниците на МВР е оправдан. Нивните пресуди се неправедни. Осудени се со сурова конструкција на лажна квалификација за тероризам со цел не само да бидат затворени, туку тоа да трае по 10, 15 и повеќе години, напиша на својот ФБ профил екс премиерот Никола Грувески.

— реклама —

Тој во објавата додава:

На тој ден пратениците на денешната власт намерно, свесно и целосно незаконски и противуставно ја продолжија седницата токму во време кога насобраната толпа народ кој претходни 60 дена мирно протестираше беше пред парламентот, сосема свесни дека ќе испровоцираат реакција на народот насобран да го заштити уставот.

— реклама —

Очигледно беа поучени дека еден инцидент добро би им дошол за потоа вината и кај домашната и кај меѓународната јавност да падне врз организаторите на мирните протести, учесниците во тие мирни протести, но и врз ВМРО-ДПМНЕ со што би добиле ветер во грб за понатамошна безмилосна пресметка и политички прогон како кон организаторите и учесниците на дотогаш мирните протести така и кон водството на ВМРО-ДПМНЕ.

А зошто?

За да има со што да се занимава народот додека тие се занимаваат со криминал, рекет и изнудување пари, присвојување на државните ресурси и комотно криминално владеење.

За да го држат народот во страв кој гледајќи како со леснотија се апси, притвора и се делат казни по 10-15 години затвор на видни лица и авторитети во државата, да не помисли да се спротистави на она што пред неговите очи се случува: масовен грабеж низ различни форми, неработење и неспособност и распродажба на националните интереси на државата, нејзиното име, идентитетот и историјата на македонскиот народ.

извор: ФБ Никола Груевски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања