Груевски со честитка за празникот: Треба да ни се случи нешто, па одредени настани, личности и датуми повеќе да ги разбираме, чувствуваме, вреднуваме и почитуваме!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи на социјалните мрежи по повод денешниот празник. Тој во својата честитка вели дека понекогаш треба да ни се случи нешто за одредени настани, личности и датуми повеќе да ги разбираме, чувствуваме, вреднуваме и почитуваме!

— реклама —

„Нека е честит 11 Октомври денот на народното востание и почеток на антифашистичката борба!

— реклама —

Понекогаш помислувам дека треба да ни се случи нешто, како актуелните настани поврзани со толкувањето на историјата (и обидите за) нејзина промена па одредени настани, личности и датуми повеќе да ги разбираме, чувствуваме, вреднуваме и почитуваме!

— реклама —

Но кога ќе се присетам дека грешките ги повторуваме, постојано и постојано, упорно и тврдоглаво, си мислам дека сеуште не сме доволно зрели. Барем оние кои во моментот се мислат дека се најзрели само затоа што имаат приграбено моќ…со рок на траење. Едно зборат во пригодните говори, фб статуси и соопштенија, друго прават во реалноста. Штом народот ќе си ја врати моќта…ќе созреат! Само штетата и жртвите во меѓувреме да се поблаги и помали.

Македонија ќе ги надживее и овие сатрпи, како што ги надживеа и оние кои исто така се чуствуваа и однесуваа во 1941 година!

Нека е вечен празникот и нека е вечна Македонија“, вели Груевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања