Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Груевски со Синохидро склучувал три пати поскапи договори отколку актуелната влада, вели Китанов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
15125_slide-1-960x540

Директорот на Јавното претпријатија за државни патишта Зоран Китанов во гостување во емисијата Отворено на 1 ТВ обелодени дека актуелната влада со кинеската компанија Синохидро склучувала договори кои се со драстично пониски цени во споредба со сумите што компанијата за истите позиции ги инкасирала од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочи Китанов, Синохидро на тендер за патниот правец Крупиште-Кочани понудил 574 денари за тампон од дробен камен, додека истата позиција за автопатската десница Миладиновци-Штип вредела 2.202 денари по кубен метар.

— реклама —

За набавка, транспорт и изработка на битуменизиран долен носив, пак, за Крупиште-Кочани сега била постигната цена од 55 денари со Синохидро, додека своевремено за Миладиновци-Штип оваа услуга чинела 107 денари по сантиметар.

— реклама —

За набавка, транспорт и изработка на полимер асвалт-бетон сега ќе бидат потрошени по 70 денари од сантиметар, а порано за време на друга влада, за друга делница, но за истата позиција, биле потрошени 185 денари.

— реклама —

Инаку, треба да се истакне финансиската конструкција за Миладиновци-Штип се градеше според договор со кредиторот, кој ја условуваше ниската каматна стапка со избор на изведувач по пат на преговори во 4 очи, додека цените за Крупиште-Кочани се постигнуваат на тендерска постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања