Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Груевски загрижен во Будимпешта: Бројката од околу 4000 починати е застрашувачка, тоа е една општина или град

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
D41-ZjHXoAAWYe3

Бројката од околу 4000 починати во Македонија од смртоносниот вирус Ковид-19 или од последици од него е застрашувачка.

— реклама —

Тоа се 4 илјади луѓе, живи души, мажи и жени, мајки и татковци, синови и ќерки, браќа и сестри, соседи, пријатели, колеги, познаници, непознати и познати, кои веќе ги нема меѓу живите. Луѓе кои само до пред некое време планираа иднина, сонуваа за нови успеси, се надеваа на подобри времиња, тагуваа и се радуваа и делеа заедничка судбина со останатите во своето опкружување во Македонија, напиша на својот ФБ профил екс премиерот Никола Груевски.

Груевски во објавата додава:

— реклама —

Има цели општини или градови во Македонија кои бројат 4000 жители.

Четири пати повеќе луѓе заминаа од живите за една година од овој вирус во Македонија, одколку што имаше жртви во скопскиот земјотрес во 1963 година, а крајот се уште не му се гледа.

Околу една шестина од бројот на жртви и загинати во втората светска војна во Македонија, а сеуште не е почнато со сериозен опфат на заштита во земјата.

На сите ни заминаа и сеуште ни заминуваат луѓе со кои сме соработувале и кои оставиле траг зад себе во нашите животи.

Денес ја примив тажната вест за смртта на Трајче Димитриев, поранешниот градоначалник на Демир Капија кому граѓаните на изборите му ја даваа довербата за градоначалник во неколку наврати. Јас добро знам дека не е лесно барем еднаш, а уште помалку е едноставно повеќе пати да освоиш доверба на избори од сограѓаните. Таа повеќекратно изразена доверба не може да е случајна.

Како и сите луѓе, Трајче имаше предности и слабости, но беше харизматичен човек со нескротлива природа, динамичен живот и континуирана акција. Храбар и упорен, борбен, снаодлив и прониклив, оптимист кој никогаш не отстапуваше од зацртаните цели.

Тој знаеше да ги решава проблемите на многу луѓе, да гради и создава, да помага на оние на кои им треба помош. И не случајно во повеќе наврати победуваше со убедлива подршка од народот кој го познаваше.

Неговото прерано заминување е ненадоместлива загуба за неговото семејство на кое му упатувам длабоко сочуство.

Неговото заминување е тажна вест за сите нас кои го познававме и соработувавме со него, за граѓаните на општината Демир Капија, за ВМРО-ДПМНЕ и за многу негови пријатели, познаници и соработници.

Ќе го носиме во убави спомени.

Нека почива во мир.

извор: ФБ Никола Груевски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања