Промени тема
Контакт

Губењето девизни резерви од околу 150 милиони евра е последица на кризата, вели Кочоска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
evra

Стабилноста на девизниот курс ќе се задржи – но постои разлика меѓу одговорна и неодговорна Влада!!! Не е дилема дека стабилноста на девизниот курс ќе се задржи и при последниот шок – енергетската криза. НБРМ има иструменти, има девизни резерви за да интервенира при нерамнотежи на девизниот пазар, а може во секој момент да се задолжи и државата, па со тој девизен прилив да ги наполни девизните резерви, вели Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, она што треба да не грижи е дека постои голема разлика помеѓу одговорна и работлива Влада, која гради капацитети за полнење на девизните резерви и неоговорна и неработлива Влада, која ги празни девизните резерви и ги одржува само со ново странско задолжување. Исто како што постои разлика помеѓу одговорна опозиција, како сегашнава којашто не шпекулира и не креира намерно кризи, и неодговорна опозиција како онаа во минатото на СДСМ која креираше чисти шпекулациии и правеше дисторзии со праќање на писма до странски инвеститори (преседан во финансиската индустрија)!

— реклама —

На што мислам. Последново губење на девизни резерви во износ од околу 150 милиони евра за два месеца (октомври и ноември) е директна последица на кризата којашто ни ја наметна оваа Влада – и да напоменам не е увезена целосно енергетскава криза, ако беше така и Србија ќе ја имаше истата.

— реклама —

Значи, не-копањето на домашен јаглен, сега предизвикува увоз на странски јаглен, не производството на домашна електрична енергија, предизвикува повисок увоз на електрична енергија. За сѐ ова требаат девизи, сѐ ова преизвикува повисок девизен одлив. Значи не е само цената на електричната енергија проблем, како што сакаат да престават дека е чисто увезен проблем, проблемот е домашно создаден заради неодговорната и неработлива Влада. Барем да течеа девизи од странски директи инвестиции – и тука се последни во регионот. Наспроти ова, Владата на ВМРО-ДПМНЕ во минатото со својата активна политика за привлекување на странски директни инвестиции креираше поволна околина за генерирање долгорочни девизни приливи, коишто ја спасуваат оваа неоговорна и неработлива Влада.

— реклама —

Прави ли некој разлика сега?“, стои во објавата на фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања