Гугл ја засилува борбата против дезинформациите во теми што корисниците ги бараат со додавање официјални информации и контекст. Целта е да ги направиме корисниците посвесни за изворот на информацијата што ја бараат и за вистинитоста.
Ова значи дека во иднина, покрај резултатите од пребарувањето, ќе има описи на страници, прегледи и информации од трети страни. Тие ќе бидат во делот „За овој резултат“, достапни со кликнување на трите точки до добиениот резултат од пребарувањето, пишува Вашингтон пост.
Менаџерот за производи на Гугл, Харис Коген вели дека има многу информации што доаѓаат од различни извори, од кои многу се непознати.
- Многу луѓе се загрижени за ширењето на дезинформации на интернет, и ова е алатка што треба да им помогне да се справат со тоа - истакнува Коген.