🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Гутереш за масакрот во Газа: „Убиството на повеќе од 100 луѓе кои чекаа помош бара ефикасна истрага“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска изјави дека убиството на повеќе од 100 луѓе кои чекале хуманитарна помош во Газа е ситуација која бара ефикасна и независна истрага.

— реклама —

Гутереш, во Сент Винсент и Гренадини, пред самитот на Заедницата на државите од Латинска Америка и Карибите, изјави дека е „шокиран“ од последниот инцидент во војната меѓу Израел и Газа, пренесува Ројтерс.

Генералниот секретар, одговарајќи на прашања за неуспехот на неодамнешната резолуција на Советот за безбедност на ОН со која се бара прекин на огнот во Појасот Газа, нагласи дека влошувањето на геополитичките поделби „го трансформира правото на вето во ефективен инструмент за парализа на Советот за безбедност“.

— реклама —

„Целосно сум убеден дека ни треба хуманитарен прекин на огнот и безусловно и итно ослободување на заложниците и дека треба да имаме Совет за безбедност способен да ги постигне овие цели“, рече Гутереш.

Претходно, Соединетите Држави ја блокираа изјавата на Советот за безбедност на ОН предложена од Алжир и поддржана од арапските земји, која би ги обвинила израелските сили дека отвориле оган врз Палестинците кои чекале испорака на храна и друга хуманитарна помош во близина на градот Газа и убиле повеќе од 100 луѓе.

Канцеларијата за медиуми на палестинската управа во Газа под контрола на Хамас вчера објави дека во израелските воени напади загинале 104 Палестинци, а ранети се 700 додека чекале камиони со хуманитарна помош во градот Газа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања