И утрово има зголемена фреквенција на Табановце, каде за излез од државата се чека околу 1 час, а на граничниот премин Богородица се чека околу 30 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од Македонија. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно важи за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.