Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Хаџи Василева со 64 гласа избрана за шефица на Обвинителството за организиран криминал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 56 минути -

Македонија
media-librarygdupmmmh7mni9F9g9KP

Обвинителката Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), откако на непосредното и тајно гласање освои 64 гласа од своите колеги.

— реклама —

На второто место се најде обвинителот Трајче Пеливанов со 57 гласа, а трет е Јове Цветановски, кој доби 30 гласа. Фатон Азизи освои 14 гласа, додека Лидија Раичевиќ доби шест гласа.

— реклама —
— реклама —

Од вкупно 187 јавни обвинители од целата држава, кои избираа меѓу петмина кандидати, не гласале само 12 обвинители.

Хаџи Василева има 11-годишно искуство како јавна обвинителка и е дел од петтата генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители. До неодамна работела во скопското обвинителство, а во 2024 година се приклучила во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања