Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Хакери објавија речиси шест терабајти податоци од Берлин: Меѓу нив и доверливи одбранбени планови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
Haker-2-620x350

Речиси шест терабајти податоци украдени од берлинската администрација се објавени на дарк веб, откако хакерската група Rhysida претходно побара откуп од околу два милиони евра. Во објавениот пакет има речиси 1,44 милиони датотеки, а меѓу нив, според наводите, се наоѓаат и исклучително чувствителни документи.

Особено загрижувачки се информациите поврзани со плановите за справување со хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани. Меѓу објавените материјали има папка со назив „AG CBRN-Rahmenplanung“, што упатува на документи поврзани со планирањето во случај на вакви закани.

— реклама —

Според истражувачкиот новинар Ларс Винкелсдорф, објавените материјали содржат и документи од покраинската криминалистичка полиција, како и планови поврзани со националната одбрана. Тој наведува дека меѓу датотеките има информации за тајни комуникациски канали на германската сојузна влада во случај на катастрофи, податоци за компании од одбранбената индустрија и планови за постапување на владините институции во кризна состојба.

— реклама —

Винкелсдорф на платформата „Икс“ го оцени случајот како сајбер-напад од размери кои, според него, директно ја загрозуваат државата.

Покрај институционалните документи, на интернет се појавиле и голем број лични податоци, главно на државни службеници. Наводно се објавени изводи од матични книги, евиденции за отсуства од работа, приватни телефонски броеви и домашни адреси.

— реклама —

Rhysida претходно се заканила дека ќе ги објави украдените податоци доколку не биде исплатен откуп од 30 биткоини, што во моментот на барањето одговарало на околу два милиони евра. Рокот за плаќање истекол во петокот околу 15:35 часот.

— реклама —

Берлинскиот Сенат уште пред истекот на рокот соопштил дека начелно нема да попушти пред вакви барања за откуп. Кратко по истекот на рокот, хакерската група го објавила целиот пакет украдени податоци на дарк веб.

Берлинската администрација и политичкиот врв засега не излегле со позначајни јавни изјави во врска со објавувањето на податоците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Германија ги тестира новите борбени дронови во близина на границата со Белорусија

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryk1nhuj12of562eYWAka

Жените добиваат исто право како мажите: Во германски град се дозволува капење без горен дел од костимот

Патувања | пред 15 часа

media-librarykv3n7q34euh4fTFUmIP

Германија може да ја започне 2027 година со повисоки цени и забрзана инфлација

Свет | пред 3 дена

media-library2poa5hk28m19axkN5PW

(Видео) Тринаесетгодишно девојче загина во Германија, го прегази возач кој бегал од полицијата

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања