Промени тема
Контакт

Халанд ја тужи норвешка авиокомпанија поради реклама со неговиот лик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryssv8algg1gp40pxhdg3

Ерлинг Халанд поднел тужба против норвешката авиокомпанија „Norwegian Air Shuttle ASA“, тврдејќи дека неговите препознатливи карактеристики биле неовластено искористени за комерцијално рекламирање.

За време на Светското првенство, компанијата на социјалните мрежи објавила реклама во која нејзин авион бил прикажан со руса коса и опавче, по што следела пораката: „Никогаш не сме изгледале повеќе норвешки“.

— реклама —

Халанд и неговите застапници сметаат дека со објавата авиокомпанијата ги искористила препознатливите карактеристики на фудбалерот за промовирање и продажба на авионски билети. Спорната објава во меѓувреме била избришана.

— реклама —

Адвокатот на Халанд потврдил дека е поднесена тужба, меѓу другото, поради наводно прекршување на норвешкиот закон за маркетинг.

Од авиокомпанијата потврдиле дека ја примиле тужбата и навеле дека тешко разбираат зошто објавата довела до судска постапка. Оттаму тврдат дека само, како и голем дел од Норвешка, ја поддржувале репрезентацијата за време на Мундијалот преку спонтани објави на социјалните мрежи.

— реклама —

Првото рочиште е закажано за 9 октомври 2026 година во Окружниот суд во Осло.

— реклама —

Засега не се познати сите детали од барањето на Халанд, вклучително и дали бара паричен надомест и, доколку е така, во кој износ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања