Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Хаос во Грција: Поројна вода носеше автомобили и поплави куќи, жена погодена од гром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
poplavi
Илустрација

Силното невреме што во саботата попладне ја зафати областа Мани на Пелопонез предизвика големи поплави и материјална штета. Водените надојденици носеле автомобили, поплавувале куќи и туристички објекти, а на повеќе места биле оштетени и патиштата.

— реклама —

Според грчките медиуми, ситуацијата се влошила за само неколку минути. Во населеното место Итило, жена била погодена од гром додека се наоѓала во автомобил. Таа била пренесена со возило на Итната медицинска помош во болница во Спарта.

Противпожарната служба добила десетици повици за помош, а најмалку десет лица биле безбедно извлечени од своите возила.

— реклама —

Најтешко погодени се населените места Алипа, Кокала, Итило, Лимени и Каравостаси, каде што поројниот дожд предизвикал големи количества вода и кал. Во Алипа, на одредени места водата достигнала до прозорците на објектите, а поплавени биле куќи и туристички сместувања.

— реклама —

Водената стихија однела и неколку автомобили во морето, додека делови од патната инфраструктура биле уништени. Оштетени се и локални мостови.

На социјалните мрежи се појавија снимки од последиците од невремето, на кои се гледа како огромни количества вода се слеваат од повисоките делови и навлегуваат во домовите и објектите.

— реклама —

Министерот за здравство на Грција, Адонис Георгиадис, соопшти дека Националниот здравствен систем е ставен во целосна готовност поради последиците од невремето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 1 ден

— реклама —
tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 2 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 4 дена

police_457542992-1-1021x580

Голема полициска акција во Грција: Криумчареле над 500 мигранти и заработиле најмалку 750.000 евра

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања