Промени тема
Контакт

Херој од Битола: 15-годишниот Михаил спаси семејство од Бугарија од силните бранови во Егејското Море

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryafg2b4199j8gdrBiBxu
Фото: ФБ / Jasna Nikolovska

Храброста на едно 15-годишно момче од Битола вчера привлече внимание на плажа во Грција, откако без двоумење влегло во разбрануваното Егејско Море и помогнало да биде спасено семејство од Бугарија.

Михаил Николовски, ученик во СОУ „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, се нашол на плажата во Олимпијада кога силните бранови одвлекле мајка, татко и нивното дете подалеку од брегот.

— реклама —

Откако жената почнала панично да повикува за помош, Михаил веднаш влегол во морето. Според сведоштвото на неговото семејство, најпрво ја извлекол мајката, потоа детето, а на крај и таткото.

Мајката на Михаил, Јасна Николовска, на социјалните мрежи раскажа дека целиот настан бил проследен со голема вознемиреност, но и дека храбриот потег на момчето предизвикал воодушевување кај присутните на плажата.

— реклама —

„Од цела плажа скокна син ми Михаил, ја извлече прво жената, па детето и на крај таткото. Цел народ од плажата му аплаудираше“, напиша таа.

Приказната потоа била споделена и на профилот „Пат до Грчка“, каде што потегот на битолчанецот бил опишан како голем херојски подвиг.

— реклама —

„По спасувањето, луѓето на плажата го поздравија неговиот храбар потег со голем аплауз. Приказна која нè потсетува дека во тешките моменти не е важно кој од каде е, туку кој е спремен да помогне“, се наведува во објавата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања