Врховниот командант претседателот Стево Пендаровски вчера ја потпишал уредбата за ознаките на армиските униформи со што отсега АРМ се преименува во Армија на Република Северна Македонија (АРСМ) .
Претседателот информираше и дека се прават обиди да се најде решение и за повлекување на, како што рече, незаконските укази на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Инаку денеска Пендаровски беше во посетата на воените единици ангажирани на јужната граница на земјава и посетата на транзитниот центар за мигранти во Гевгелија.