Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

И АХВ потврди дека во Козле е заловен волк: му го проверуваат здравјето, па ќе видат што со него

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-librarynsg5tkvp5lbj78etb2j

Агенцијата за храна и ветеринарство официјално потврди дека дивото животно кое синоќа беше заловено во скопската населба Козле е волк.

— реклама —

Од АХВ информираат дека официјален ветеринар доцна попладнево спровел вонреден инспекциски надзор во скопската зоолошка градина, каде што животното било згрижено по заловувањето.

— реклама —

„Врз основа на искуството во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на проверката на други важни факти за утврдување на неговиот вид, од страна на официјалниот ветеринар потврдено е дека станува збор за диво животно од видот волк“, соопшти АХВ.

Оттаму додаваат дека дополнително ќе се утврдува здравствената состојба на животното, по што ќе се одлучува за понатамошните постапки.

— реклама —

„Дополнително, ќе се утврдува и тековниот здравствен статус на заловеното диво животно и ќе се решава за натамошните постапки во врска со него“, велат од Агенцијата.

Претходно, од ЗОО-Скопје посочија дека волкот бил заловен во Козле со ремен и ланец, поради што постоеја сомнежи дека бил чуван како домашно милениче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library28toi26mc2fr31iJkmx

Одземени околу два тона небезбедно месо во Радовиш и 50 килограми месни производи во Пепелиште

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryc25mrd6h2n162muoaAi

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора на приватен имот во општина Василево

Македонија | пред 4 дена

media-libraryvbr6e45ufdd43WYhghA

Запленети над пет тони овошје и зеленчук што нелегално се продавале на скопските пазари

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp7j0pohh0mkc1MsEVlk

Еден тон забранети пилешки желудници запленети и уништени во месарници во Охрид и Струга

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања