Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи ја сподели веста за новото мнозинство.
-Падна Владата! Најголемата победа, остварена!, напиша Димовски на фејсбук.
ВИДЕО: Апасиев насмеан по мнозинството, откри и клучен детал од преговорите
Имаме ново парламентарно мнозинство, објави вечерва на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, приложувајќи фотографија од која може да се заклучи дека кон досега опозицискиот блок се приклучува и Беса, со тројца пратеници.Се огласи и Апасиев, кој пред Собранието беше крајно насмеан. Во изјава за Клан ТВ тој порача: „Имаме ново мнозинство. Имаме обезбедено 61 пратеник. Можно е да порасне бројката и на 64“.
Македонија | пред 4 години
И Али Ахмети со став за објавата на Мицкоски за ново мнозинство во Собранието
Ситуацијата која настана со оставката на премиерот ја менаџираме низ интензивен контакт со сите партии, освен оние кои го негираат Охридскиот и Преспанскиот договор, добрососедството, НАТО, ЕУ, Република Косово и албанскиот јазик, напиша вечерва лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук, откако ВМРО-ДПМНЕ и досегашните опозициски партии објавија дека заедно со Беса формирале ново мнозинство во Собранието.„Исто така, по актуелниот развој, во контакт и координација сум со нашите стратешки партнери: САД
Македонија | пред 4 години
И СДСМ кажа што мисли за објавеното ново мнозинство
Доколку навистина има ново парламентарно мнозинство очекуваме тоа да се потврди низ соодветните собраниски процедури и евентуален избор на нова Влада, соопшти во петокот доцна навечер СДСМ, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека има обезбедено ново парламентарно мнозинство за изгласување недоверба на Владата на Зоран Заев.Тие ги повикаа подржувачите на евроатлантската иднина помеѓу пратениците кои најавија ново мнозинство да застанат на страната на демократската опција и да не влегуваат во „па
Македонија | пред 4 години
Мицкоски обезбеди ново парламентарно мнозинство
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва објави фотографија на која тој е на средба со претставници од Алијанса за Албанците, Алтернатива и Левица.„Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство“, напиша Мицкоски.
Македонија | пред 4 години