Министерот за здравство, Фатмир Меџити, тврди дека вчерашното пукање во кругот на Клиничкиот центар во Тетово, нема поврзаност со здравството. Двете ранети лица и групата која пукала, случајно се нашле во гругит на болницата.
„Во Тетово две групи имале нерешени проблеми. Случајно биле во дворот на болницата. Како што знам двајцата се во Скопје префрлени, едниот во потешка, другиот во полесна состојба. На КАРИЛ се. Нема поврзаност со здравството“, вели Меџити.
Тој очекува МВР да го расчисти случајот.
Крвава пресметка и пукање во Тетово - две лица погодени од куршуми, едното во тешка состојба
Крвава пресметка со пукање имало во Тетово, дознава „Скопје1“. Според првичните информации има тешко повредени лица. Едното лице кое е погодено, е во тешка состојба и итно пренесен со Брза помош во Клиничкиот центар во Скопје.„Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани. Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот. Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“Ова се втори пукотници во Тетово за две недели. Претходно, во Челопек, 60-годишен маж уби двајца роднини, а едно лице рани. Причината беше имотно-правни односи.
Македонија | пред 2 години