„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

И партијата на Георгиевски се вмеша во именувањето на нов митрополит: Ѓоко нема ден монашки живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
ljubco_georgievski

„Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) се наоѓа пред сериозен морален и институционален предизвик, откако јавноста беше изненадена од информацијата дека поранешниот амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски, е замонашен од Архиепископот Г.Г. Стефан – и тоа како чекор кон негово поставување за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија, без еден ден монашки живот, без послушание и без искуство во духовното раководење“, вели во соопштение ВМРО-Народна партија чиј претседател е Љубчо Георгиевски и додава:

— реклама —

Се работи за една од највлијателните епархии на МПЦ-ОА, а целиот процес се одвива во тишина, без канонски консултации, без духовна подготовка, без јасна визија и што е најважно без одговорност кон верниците.

Ова поставување, тивко и со невообичаена брзина, отвора сериозни прашања:

— реклама —

- Кој и какви центри стојат зад ваквата одлука?

- Зошто се игнорираат духовници со децениско искуство, како постоечкиот викарен епископ?

Доколку ова сценарио се реализира, МПЦ-ОА ќе се соочи со историски преседан: митрополит без монашки стаж и без реален духовен пат.

Тоа не е само канонски спорно, туку и опасно за духовниот легитимитет на целата црква.

Архиепископот Г.Г. Стефан како духовен лидер, треба да знае дека довербата на паството се гради со искреност, канонска чистота и мудрост, а не со потези што личат на договарања зад затворени врати.

Денес кога верниците очекуваат духовност, чесност и одговорност, МПЦ-ОА нема луксуз за да си игра со довербата.

Овој потег не е само контроверзен туку тој е и удар врз мисијата на црквата.

Па сходно на тоа логични се прашањата:

- Дали Македонската православна црква е духовна институција или пазар за лични агенди?

- Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор? Во време на духовен и општествен метеж, црквата треба да биде светилник, а не сенка на туѓи интереси“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ljupco-georgievski-vmro-np-696x365-696x365-1

Потребна ни е ревизија на историјата, Владата не одбележа два важни настани - „Крвав Божиќ“ и смртта на Бунева, вели ВМРО-Народна

Македонија | пред 11 месец

ljupco-georgievski-vmro-np-696x365-696x365-1

Приватните пензиски фондови, причина за дупката во ПИОМ, алармира партијата на Георгиевски

Македонија | пред 1 година

ljubco

„Уште еднаш бевме сведоци на невидено понижување на една држава која си ја прославува окупацијата“, вели ВМРО-НП

Македонија | пред 1 година

IMG_4849

ВМРО-Народна партија: Сања Божиновска под притисок на сопартијците има поднесено барање за откажување од бугарското државјанство

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања