„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Приватните пензиски фондови, причина за дупката во ПИОМ, алармира партијата на Георгиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ljupco-georgievski-vmro-np-696x365-696x365-1

„ВМРО-Народна партија со внимание ја следи дискусијата што деновиве се развива во Северна Македнија, за дупката во пензискиот фонд како и за зголемувањето на старосната граница за пензија и можното зголемување на даноците како мерка за пополнување на дупката“, вели партијата чиј претседател е Љубчо Георгиевски и додава:

— реклама —

Сакаме да ја потсетиме македонската јавност дека во последните десетина години неколку пати сме ја алармирале јавноста за можната ескалација на ова горливо прашање и жално е што во оваа дискусија никој не зборува за вистинскиот проблем, а тоа е системска проблематика која настана со реформата при формирањето на приватните пензиски фондови.

Во овој случај не можеме никого да обвиниме затоа што тоа беше наметната реформа од Светската банка и монетарниот фонд, меѓутоа со жалење можеме да констатитраме дека никој во сиве овие години не се обиде да сфати каде е проблемот.

— реклама —

Како за потсетување е и фактот дека оваа ситуација со приватните пензиски фондови како дискусија ја имаше скоро во сите држави од поранешниот комунистички блок.

Затоа ВМРО-Народна партија смета дека решението не е ниту во промена на старосната граница за пензија, ниту во зголемувањето на даноците туку треба да се размисли околу правна форма за укинување на приватните пензиски фондови и враќање на единствениот државен пензиски фонд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ljubco_georgievski

И партијата на Георгиевски се вмеша во именувањето на нов митрополит: Ѓоко нема ден монашки живот

Македонија | пред 7 месеци

ljupco-georgievski-vmro-np-696x365-696x365-1

Потребна ни е ревизија на историјата, Владата не одбележа два важни настани - „Крвав Божиќ“ и смртта на Бунева, вели ВМРО-Народна

Македонија | пред 11 месец

ljubco

„Уште еднаш бевме сведоци на невидено понижување на една држава која си ја прославува окупацијата“, вели ВМРО-НП

Македонија | пред 1 година

IMG_4849

ВМРО-Народна партија: Сања Божиновска под притисок на сопартијците има поднесено барање за откажување од бугарското државјанство

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања