„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

И по една година без епилог: Предистрагата за следењето на Мицкоски и медиуми сè уште тапка во место

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library56pif6hp19rq8133cK0

И по речиси една година, предметот за сомнежи за незаконско следење на Христијан Мицкоски и повеќе медиумски работници останува во предистражна постапка. Обвинителството вели дека прибира докази, но не открива дали има осомничени или дали се опфатени оперативци и поранешни директори. АНБ доставила три известувања за сомнежи против поранешен директор и група вработени за периодот 2019–2024, кога наводно биле следени и новинари, медиуми и други лица. Внатрешната истрага утврдила оперативни обработки и злоупотреби, додека јавноста сомнева одолговлекување без рокови и одговорност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

И по речиси една година од поднесувањето на известувањата од АНБ до Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија, предметот за незаконско следење на тогашниот опозициски лидер, а сега премиер Христијан Мицкоски, како и на повеќе медиумски работници, сè уште е заглавен во предистражна постапка.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за „Скопје1“ велат дека се прибираат податоци и се проверуваат наводите, но не откриваат дали има осомничени лица, ниту дали се опфатени оперативци или поранешни директори.

— реклама —

„Предметот се наоѓа во фаза на предистражна постапка. Се преземаат дејствија за проверка на наводите во пријавите и прибирање на потребните податоци и докази. Во интерес на постапката и законските ограничувања, во оваа фаза не можеме да споделиме информации за евентуален статус на лица“, велат од Обвинителството.

— реклама —

Во јавноста, пак, веќе подолго време се отвора прашањето дали институциите намерно одолговлекуваат, особено по информациите дека за физичко следење на лица понекогаш била доволна само една службена белешка со неточни податоци.

— реклама —

Според сознанија од Агенцијата за национална безбедност, под раководство на директорот Бојан Христовски, до Обвинителството биле доставени три известувања за сомнежи против поранешен директор и група вработени. Станува збор за периодот од 2019 до 2024 година, кога, според истите извори, биле следени тогашниот опозициски лидер Мицкоски, новинари, медиуми, но и јавен обвинител за кој се пишуваше дека е Вилма Русковска и министер од тогашната власт.

Внатрешната истрага во АНБ утврдила дека биле формирани предмети за оперативни обработки на новинари и медиуми, со цел влијание врз политичките процеси, при што под надзор биле ставени и нивните контакти.

Покрај тоа од АНБ, биле констатирани сериозни злоупотреби – незаконско следење на комуникации, користење на ресурси на Агенцијата за приватни цели, како и намерно одолговлекување на безбедносни проверки, меѓу кои и за пратеник од тогашната опозиција.

Во периодот на кој се однесуваат наводите, со АНБ раководеле Виктор Димовски и Заре Милошевски.

И покрај сериозноста на наводите и опфатот на случајот, одговорот од институциите засега останува ист – предистрага, без рокови, без одговорност и без јасен сигнал дали некој ќе сноси последици.

sledeni

Плусинфо: Мицкоски, Русковска, новинарите Ландов и Златев биле таргети - списокот на незаконски следени и прислушувани јавни личности е многу поголем

По известувањето на АНБ дека до Обвинителството пријавиле незаконско и непрофесионално постапување и следење на лидер на опозициска партија, како и група новинари, „Плусинфо“ објави дека на списокот за незаконско следење бил и јавен обвинител. Порталот, повикувајќи се на свои извори, пишува дека во периодот од 2019 до 2024 година, мета биле лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поранешната обвинителка Вилма Русковска и новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.„Плусинфо“ пишува дека Вилма Русковска во изјава им потврдила дека била незаконски следена.„Немам информации дали сум била прислушувана, но извор во кој имам доверба ми кажа дека сум била незаконски следена од страна на Јовче Ременски, сопругот на поранешната пратеничка Фросина Ременски, против која во тоа време поведов обвинение,“ изјави Русковска.Плусинфо со Русковска ja споделиле и информацијата дека била незаконски прислушувана, во еден или повеќе разговори со новинарот Кристијан Ландов, на што искоментирала: „Јас за тоа немам информации, но не би ме изненадило да било така. Можно е јас да сум била таргет, а можно е и новинарот да бил таргет. Се надевам дека и тоа прашање ќе се расветли“.Ландов: „Не сум имал причина да се сомневам“Порталот побарал коментар и од новинарот Ландов, кој рекол: „Не сум имал причина да се сомневам. Дали било можно или не, тоа треба да го кажат службите. Со Русковска сум имал комуникација, како и со други обвинители што работеа на предмети од јавен интерес. Таа комуникација датира од 2020 година наваму, кога Русковска беше шеф на ОЈО-ГОКК“.Златев: „Се отвораа апсурдни предмети, целта беше да бидам следен“Новинарот Љупчо Златев, пак, тврди дека уште во 2019 година добил информации од свиркачи во АНБ дека бил ставен под посебни истражни мерки.„Во периодот 2019–2024 година за мене се отвораа апсурдни предмети, со единствена цел да бидам следен и прислушуван. Се користеа белешки со измислени содржини, од луѓе кои случајно ги познавав и кои постојано се обидуваа да стапат во контакт со мене. Еден од нив е осуден за убиство, друг е подкастер и уредник, трет е измамник кој пропадна една од најголемите градежни компании,“ изјави Златев.За контрола на посебните истражни мерки, според „Плусинфо“, за целиот период бил задолжен сегашниот републички обвинител, Љупчо Коцевски.Целиот текст на Плусинфо

Македонија | пред 7 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 4 дена

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Даночна шема тежи стотици милиони: во шемата се и вработени во УЈП, а обвинети се 10 лица

Македонија | пред 5 дена

media-librarypns8fr8liclt2afyiGo

Битолчанец вработен во училиште осомничен за детска порнографија: истрагата е почната откако Австралија открила ИП-адреси од Македонија

Македонија | пред 1 седмица

media-librarypbljlq75q2ajbXJSh72

Ленче Ристовска останува без предметот за ВМРО-ДПМНЕ, Ана Гоговска без „Онкологија“; Савески: Обвинителството е во хаос

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања