И Русија го прифати новото државно име-Извозот во Русија без проблеми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
besliev

Руските царински власти потврдија дека увозот на македонски производи се реализира без никаков проблем. Три камиони свежо овошје и зеленчук или околу 60 тони веќе ја поминале границата со декларација на која стои ПЈРМ и сертифкат на кој го пишува новото име – Република Северна Македонија, објави Сител.мк.

— реклама —

Телевизијата додава дека според директорот на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев, застој во пласманот воопшто нема.

Руски увозник, објасни Бешлиев, деновиве испратил до својот партнер во земјава предупредување дека е можно руските фитосанитарни служби да реагираат за сертификатот што е веќе со променетото име на нашата држава и дека во таков случај, ризикот за финансиските трошоци за таа пратка би бил на товар на македонската компанија.

— реклама —

-Веднаш стапивме во контакт со институциите и ни беше потврдено дека такво нешто нема и не постои од руска страна. Значи, тоа беше само предупредување од некои руски увозници кон нивни партнери во земјава. Но, ние во меѓувреме, во консултација со руските партнери, испративме информација до членките на нашата Комора да почекаат до почетоков на неделава, денеска и утре, да не испраќаат производи, да не тргнуваат за викенд за ако некаде се јави проблем, да може да се реагира.

Во јануари годинава, според податоците на Комората, македонскиот извоз во Русија во јануари годинава  е зголемен за 41 отсто и достигнал 2,6 милиони американски долари.

Текстот во целост на Сител.мк

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања