Промени тема
Контакт

И СДСМ реагираше во одбрана на Ахмети, Ковачевски го заштитува криминалот на партнерот ДУИ, децидна е опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ahmeti-grubi-dui

„ДУИ и СДСМ се двете партии кои не направија ништо ниту за Македонците, ниту за Албанците, но највеќе направија за своите џебови и богатење на лични сметки. СДСМ застана во одбрана на својот партнер во криминалот и власта ДУИ и реагира на се погласните прозивки за скандалите кои се случуваат и во дворот на ДУИ. Тоа е така зошто и СДСМ и ДУИ се лицето и опачината на криминалот во Македонија“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат:

„Соопштенијата со одбрана на СДСМ само кажуваат каква криминална група владее со државата.

— реклама —

ДУИ и Ахмети секогаш кога сака да се додвори на странците се откажува од Косово, и го сака Отворен Балкан каде Косово не се споменува, а секогаш кога крадат и врват тендери во 4 очи тие глумат загрижени патриоти.

— реклама —

СДСМ секогаш кога им требаат гласови ветуваат лажно се и сешто, и не исполнуваат ништо, а кога ќе треба да крадат тие се најдобри партнери на ДУИ.

Ваквата политика и Македонците, и Албанците како и сите останати граѓани во Македонија ги донесе на работ на егзистенцијата.

— реклама —

20 години ДУИ е дел од сите скандали и афери на оваа држава“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања