И шурата на Иванов купил два стана во истата зграда на Водно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Gjorge-Ivanov1

— реклама —

Покрај претседателот Иванов, во истата зграда на Водно два стана купил и неговиот шура. Во деталниот преглед на податоците за катастарската парцела до која дојде телевизија 24 со барање за слободен пристап до информации, стои дека до синот на Иванов ќе живеат и неговите братучеди. Братот на првата дама, Сашо Тоневски купил по еден стан за синот и за ќерката. На вториот кат, каде се наоѓа и поголемиот стан на Иванов, шурата купил стан од 109 метри квадратни. Вториот стан е исто на мансардата како Иванови, од 96 метри квадратни. И двете деца имаат и по една гаража.

— реклама —

Државната антикорупциска комисија отвори предмет по добрен глас за да го проверува имотот на претседателот Ѓорге Иванов. Антикорупционерите сега ќе проверуваат каков се имот поседува претседателот и од каде му се парите за двата стана, кои според проценките чинат над 250 илјади евра. Иванов во Антикорупциска не пријавил дека трошел пари од банкарските сметки, ниту дека зел кредит за купување на станови. Иванов побара антикорупционерите да ги истражат имотите и на другите функционери во државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања