Премиерот Христијан Мицкоски, вели дека апсењето Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на неговото обезбедување е порака дека никој нема да биде поштеден ако стори криминал, без разлика колку му е нему близок.
„Претпоставувам е ангажиран откако сум избран за претседател на Владата и откако се екипираше тимот. Но пораката е важна, дека ваков тип на однесување, каде постојат основани сомневања за криминално однесување, ќе бидат санкционирани. Се сеќавате дека имаше лица кои беа страв и трепет, вршеа прљави работи за Влада, а не беа санкционирани. Кој и да е, и брат и сестра да ми е и свети ВМРО да е, ако ја изневери довербата на граѓаните, ќе биде најжестоко и најостро санкциониран“, рече Мицкоски.
Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби 30-дневен притвор под сомнение дека сторил кривично део „оддавање службена тајна“. Тој е спроведен во затворот во Шутка, каде ќе ја издржува мерката. Сарамаков беше фатен во акција спроведена од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и МВР, а беше затекнат во возило „БМВ“ заедно со уште едно лице кое засега не се гони.
Обезбедувачот на Мицкоски заврши во притвор во Шутка
Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби 30-дневен притвор под сомнение дека сторил кривично део „оддавање службена тајна“, дознава „Скопје1“. Тој е спроведен во затворот во Шутка, каде ќе ја издржува мерката. Сарамаков беше фатен во акција спроведена од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и МВР, а беше затекнат во возило „БМВ“ заедно со уште едно лице кое засега не се гони.Кога бил претресен, кај Сарамаков во автомобилот бил пронајден ранец со службени материјали од МВР, а од двете лица се одземени мобилните телефони и се уапсени.„Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата. Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од Mинистерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ“, се наведува во соопштението од МВР.
Македонија | пред 9 месеци