„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

И тепачки во Алијансата за Албанците? Со пораки „Можеш да ме убиеш“ се пресметуваат таборите на Села и Таравари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-02-05-at-10.02.39

Поделби помеѓу членството на Алијанса за Албанците, но и несогласувања помеѓу лидерот Арбен Тарвари и претседател на Централното претседателство, Зијадин Села. Дури и вискоките функционери во власта фатија страна, па така, едни го поддржуваат Тараватри, други Села. Хаосот во партијата, според неофицијалните информации, резултирал и со тепање. Директорот на Агенцијата за одземен имот, Дритон Бебиу, се пожали дека бил нападнат.

— реклама —

„Можеш да ме убиеш, но не и да ме исплашиш!“, испрати тој како порака.

— реклама —

Неофицијално несогласувањата се бидејќи Таравари сака партијада да оди во коалиција со Беса, Алтернатива, Демократски сојуз, додека Села бара на изборите да настапат сами. Се огласи и министерот за правда, Кренар Лога, кој доаѓа од лобито на Села и кажа дека не сака коалиции.

„... Не го почитува Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Лога.

Истовремено, минситерот за здравство, Фатмир Меџити, застана зад Арбен Тарваври.

Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците и поранешен лидер, Зијадин Села, на прес-конференција во седиштето на партијата изјави дека на избори одат самостојно, а партијата не се продава.

Арбен Таравари објави дека добил поддршка од членството на партијата да оди со опозицискиот албански блок. Како што објавија на нивната Фејсбук страница, за 24 часа се собрани потписи за поддршка од 80 од вкупно 133 члена колку што брои Собранието на партијата. Села пак рече дека ништо не значат потписите кои што ги добил Таравари за неговата иницијатива.

Според него, тоа е злоупотреба на позицијата која Таравари ја има во партијата и затоа свика седница на Централното собрание во сабота, на кое ќе се бара одговорност од Таравари.

sela

Села: Алијансата на Албанците не е на пазар и не се продава, на избори одиме самостојно

Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците и поранешен лидер, Зијадин Села, на прес-конференција во седиштето на партијата изјави дека на избори одат самостојно, а партијата не се продава.Арбен Таравари објави дека добил поддршка од членството на партијата да оди со опозицискиот албански блок Како што објавија на нивната Фејсбук страница, за 24 часа се собрани потписи за поддршка од 80 од вкупно 133 члена колку што брои Собранието на партијата.Села пак рече дека ништо не значат потписите кои што ги добил Таравари за неговата иницијатива.Според него, тоа е злоупотреба на позицијата која Таравари ја има во партијата и затоа свика седница на Централното собрание во сабота, на кое ќе се бара одговорност од Таравари.

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања