Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

И во Карпош, Данела кажа што ќе прави ако стане градоначалничка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
IMG_20211003_210526_063

За Карпош е важно да се реши квалитетното водоснабдување во Жданец и високата зона во Козле, порача денеска Данела Арсовска на средбата со граѓани во општината Карпош.

Таа потенцираше дека потребни се брзи и сигурни решенија.

— реклама —

„Достапен и ефикасен јавен превоз, брзи сообраќајници кои ги поврзуваат сите населби. Целосно ќе го уредиме кејот на Вардар од двете страни, ќе поставиме нови спортски содржини, патеки за трчање и велосипеди. Ќе изградиме отворени фитнес зони и вежбањето на отворено ќе биде достапно насекаде во Карпош. Во програмата предвидуваме и нови велосипедски патеки и реконструкција на постоечките. Ќе ги исчистиме дивите депонии како онаа на излезот од Карпош и ќе ги направиме зелени оази. Мојата програма ме обврзува и на нови паркови и зелени површини, паркиралишта, сообраќајни решенија кои ќе значат лесен и брз пристап, запирање на дивата урбанизација, субвенции за велосипеди и електрични тротинети, нов паметен систем на функционирање на Скопје. Конечно ќе го разрешиме квалитетното водоснабдување во Жданец и високата зона во Козле“, изјави Арсовска

— реклама —

Според Арсовска граѓаните на Скопје на 17 октомври ќе одлучат дали ќе веруваат на стари неисполнети ветувања или на реални проекти кои гарантираат брзи резултати.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања